Мал дефект во електричната мрежа – учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ пуштени дома

Од:

Општина Центар ја информира јавноста дека во основното училиште „Димитар Миладинов“ настанал краток спој на електричната разводна табла, при што се појави чад и искрење.

Општината веднаш испрати екипа за утврдување на фактичката состојба, а од страна на одговорните лица во училиштето инсталацијата е веднаш исклучена. Стручно лице ја утврдува причината за настанатиот спој и го санира оштетувањето на таблата.

Општина Центар ја информира јавноста дека безбедноста на учениците и персоналот не беше доведена во опасност, ниту пак постоеше можност од ширење на пожар.

Во моментов, исклучена е струјата во училиштето, до отстранување на дефектот и поради тоа учениците денеска се ослободени од настава и пуштени дома, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски