Максути на експертската конференција во Виена за воената поддршка на цивилните институции

Од:

Миграцијата во Европа е заеднички предизвик и побарува сеопфатен пристап, кредибилни политики и активности не само краткорочно, туку и на среден и долг рок, порача денеска заменикот-министер за одбрана на Република Македонија, Беким Максути на отворањето на експертската конференција на тема „Унапредување на синергиите: Воена поддршка на цивилните институции“ во Виена.

Според него, оваа состојба достигна меѓународна димензија, влијаејќи на безбедноста и стабилноста на Европската Унија и на земјите опфатени од мигрантските рути,

Како што соопшти Министерството за одбрана, Максути се осврнал на искуствата на Македонија, низ која во 2015 и 2016 година минуваше т.н. „Балканска мигрантска рута“, нагласувајќи дека научените лекции говорат дека заедничкиот ангажман на воените сили и цивилните институции не се само можни, туку посакувани за зачувување на мирот и безбедноста.

Заменикот-министер истакнал дека еден од главните бенефити од таа состојба е заедничкиот одговор на сили и капацитети од повеќе европски земји, вклучувајќи ја и Австрија кои испратија полициски сили на македонската граница. Во моментов во поддршка на македонските сили се 147 полицајци, 20 од нив од Австрија.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска