„Максо гробар на Македонија“-заканувачки пораки за пратеникот Димитриевски

Од:

Ноќва пред домот на пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски, непознати лица напишале пораки со навредливи и заканувачки содржини.

„Максо гробар на Македонија“, „Максо албански слуга“, „Максо предавник“, „Максо дали Куманово заслужува двојазичност“, ова се само дел од пораките кои утрово ги видоа соседите и семејството.

„Ова е нивното сценарио за заплашување и предуцирање нереди“, вели за а1он Максим Димитриевски, па на тие кои го направија ова и на нивните налогодавци им порача:

Лично го прашувам тој изманипулираниот што го напиша оваа пред мојот дом:
Дали воопшто ме познаваш барем малку човеку?
Очајнички се вашите обиди за манипулација со јавноста, криминалци.

Димитриевски случајот го пријави во полиција.



Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски