Максим Димитриевски: Утре Куманово ќе маршира за сите предци кои создадоа држава

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски вечерва кажа дека утре (четврток) во Куманово ќе се маршира во име на сите предци кои ја создадоа Македонија.

„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира! Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“, порача Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ