А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Максим Димитриевски ја презема градоначалничката функција на Општина Куманово

by А1он20/10/2017 - 14:15276
Share0

Максим Димитриевски денеска и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Куманово од неговиот претходник Зоран Дамјановски. Го доби и уверението од претседатаделот на Општинската изборна комисија (ОИК) Звонимир Николовски.

Добивај вести на вибер

Заблагодарувајќи се на граѓаните за довербата, Димитриевски рече дека очекува со реализација на планираните проекти, Куманово да добие урбан лик.

– Во иднина, сите изборни циклуси да се одвиваат како овој последниот што наликуваше на скандинавски тип на изборен процес и да поскам успех на сите избрани колеги советници во советот на општина Куманово, со желба да го реализираме она со кое што излеговме пред граѓаните во рамките на нашите политички програми и агенди, што ги ветивме во делот на очекувања кои што ги имаат граѓаните“-рече Димитреивски.

Дамјановски изрази надеж дека Димитриевски успешно ќе ја води Општината.

– Тој е успешен политичар, а сега има и добра Влада која првпат по 11 години е наклонета кон Општина Куманово и проектите што ги работиме му остануваат нему, а се во фаза на изградба. Се надевам дека 2018 година ќе биде многу продуктивна и дека Куманово ќе биде многу подруг град во однос на овие искушенија кои ги имаше во изминатиот период, рече Дамјановски и се заблагодари на граѓаните за трите мандати, потсетувајќи дека работел во период на, како што рече, искушенија и предизвици.

Димитриевски денеска оствари средба и со противкандидатите на локалните избори: Башким Османи од Алијанса на Албанците, Башким Османи, Дритон Сулејмани од Движење Беса и Бесник Мемети од ДПА, додека кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски не учествуваше на средбата. Тројцата кандидати му честитаа за изборот и му посакаа успех на Димитриевски во натамошната работа и истакнаа дека се отворени за идни сугестии, предлози за подобар живот на граѓаните. Градоначалникот истакна дека е отворен за соработка и за сите добри идеи кои ќе придонесат за развој на Општината.

kumanovomaksim dimitrievski

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:15

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он22/03/2026 - 13:3022/03/2026 - 13:55

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он26/02/2026 - 15:08

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 14:3124/02/2026 - 14:48

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен