А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Макрон и Меркел со пофалби за Преспанскиот договор како пример за регионот

by А1он29/04/2019 - 18:01277
Share0

Започна неформалниот самит за Западен Балкан под водство на Ангела Меркел и Емануел Макрон. И двајцата пред почетокот на состанокот се обратија кусо пред новинарите, без прашања, и ги најавија насоките на дискусиите.

Следете a1on на Instagram Instagram

И германската канцеларка и францускиот претседател потсетија дека овој состанок не е посветен на процесот на проширување, туку на регионалната соработка и поддршката за решавање на бројните билатерални спорови во регионот.

-Фокусот не е на проширувањето, туку на политика на стабилност во регионот. Треба да работиме заедно за да придонесеме за стабилноста, тоа за Франција значи стратегија за повторно ангажирање во регионот, рече францускиот претседател.

Во контекст на надминувањето на споровите, Макрон и Меркел го посочија македонско-грчкиот пример и Преспанскиот договор како доказ дека со политичка волја е можно да се надминат споровите.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел и ги поздрави грчкиот и македонскиот премиер, но и Бојко Борисов.

Макрон од своја страна порача дека последните месеци покажаа дека напредок е можен дваесет години по војните во регионот.

-Го видовме тоа со Преспанскиот договор дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност, рече Макрон, кој исто така ги поздрави тројцата премиери.

Канцеларката и претседателот најавија дека една од главните точки на разговор ќе бидат односите помеѓу Србија и Косово.

-Како можеме да ги придружиме Косово и Србија во обидот за изнаоѓање решение и, што е поважно, да спречиме да стане потешко да се изнајде решение или да се тргне во погрешен правец, рече канцеларката Меркел пред почетокот на состанокот.

За неа, оваа неформална средба има за цел да се поттикне регионот да се “развива заедно“, но дека не мора да значи дека треба да се очекуваат конкретни резултати од денешниот неформален самит.

germanijagrancijamakedonijaprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 21:19

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 20:23

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 19:51

Побарани мерки на претпазливост за доцентката осомничена за примање поткуп

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 17:24

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 17:1301/07/2026 - 20:24

„Безбеден град“ ќе ги евидентира и казнува и странските возачи што транзитираат и ги прекршуваат сообраќајните правила низ Македонија

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 16:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто