Макрадули: ВМРО-ДПМНЕ гајле нема за граѓаните

Од:

Првиот човек на Регулаторната комисија останува на функцијата. 39 пратеници од опозицијата беа за разрешување на Петров, а 56  народни избраници од власта му ја дадоа довербата да продолжи со работата.

„И покрај лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја и парно  и тоа поради криминалот во ЕЛЕМ и МЕПСО и тајните врски со Топлифијација. Регуларната може да влијае врз цената на парното. Ова што го говорите се гнасни лаги“, рече на крајот на дебатата Јани Макрадули.

Се покажа , рече, дека ВМРО-ДПМНЕ,  гајле немаат за граѓаните, тие  смрзнати се гушат,  а профитот оди во џебовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Верувате во се што ќе ви кажат . Ви кажа Бранко дека имало на митингот 70.000 и вие му верувате. Ве излажа дека можете да победите . Нема ни пратеник ни градоначалник да бидете“, му реплицираше Ромео Тренов.

„Енергетската мафија набавува поскапа струја а тоа го одобрува партискиот војник, претседателот на Регулаторната комисија.Глупава ви е консатацијата дека причина за поскапувањето е продажбата на ЕСМ од пред 6 години.Високата цена е за да се полнат џебовите на енергетската мафија на ВМРО-ДПМНЕ. Престанете со глупостите“, рече Весна Бендевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?