Макрадули: Власта апси за да не излезе на видело криминалот на „Скопје 2014“

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата за предлог ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2013 година. Поднесени се 57 амандмани и тоа само од пратеничката група на ДПА. Расправата по нив треба да заврши до четврток.

Во претпладневниот дел пратениците требаше да се изјаснат за амандманот со кој се бараат пари за изградба на уште еден мост на реката Црн Дрим во Струга, но во најголем дел од дискусиите на предлагачите од ДПА се тврдеше дека со буџетот се дискриминираат општините каде што живеат Албанци. Со ова не се согласија пратениците од ДУИ.

Јани Макрадули, пак, од СДСМ исто така сметаше дека неправилно се распоредуваат средствата од буџетот и побара од Владата да го направи патот Свети Николе – Штип, каде што многу често се случуваат сообраќајни несреќи.

Кога не можеше власта да ја запре работата во Општина Центар со притисок врз советниците, со кршење прозорци на општинската зграда, тогаш се реши на полициско обвинителска акција за да ја преземе општината Центар, за да тргне еден од советниците со цел да не може да излезе на виделина ревизијата за „Скопје 2014“, која покажа голем криминал, рече Макрадули.

Пратениците од владејачкото мнозинство му укажаа на претседателот на Комисијата Марјанчо Николов дека не треба да дозволува репликите да траат подолго од говор на пратеник, а говорницата да се злоупотребува особено од пратеници од неговата пратеничка група.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска