Макрадули: Со совесни политики, во Скопје ќе се спасат 800 човечки животи годишно

Од:

Граѓаните на Скопје, особено на Гази Баба, се гушат во загаден воздух 20 пати над дозволеното, укажа кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули.

Состојбат, рече, е алармантна а тоа што е уште пострашно е фактот што ништо не се превзема, туку напротив состојбите се влошуваат.

Според анализата на Светската банка, во Македонија годишно умираат по 1.350 луѓе како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички. Кога би се намалило загадувањето, и тоа само до граничните вредности на ЕУ, би се избегнале над 800 смртни случаи, рече Макрадули.

„Овој град, со совесни политики, би спасил, на годишно ниво, 800 човечки животи. Животите на нашите граѓани немаат цена. Но ова загадување има. Тоа ја чини економијата цели 253 милиони евра годишно. Затоа денеска сме тука, пред еден од најголемите загадувачи на воздухот во Гази Баба и во град Скопје. Јани Макрадули се вклучува во борбата за почист воздух и почиста Гази Баба. Ваков загадувач, како што е Железара, мора да има прочистителни филтри. Во таа насока поднесовме и амандман за Буџетот со кој бараме 14 милиони евра, наместо за споменици, да се пренаменат, да се вложат во ваков прочистителен филтер“, рече Макрадули.

Град како Скопје, посочи, мора целосно да се гасифицира. Тоа ќе значи заштеда за граѓаните и почист град.

„Критичната состојба со зелените површини во градот мора да се надмине со воведување на нови и проширување на постојните зелени површини во градот за нови 1000 хектари. Новата градска власт ќе овозможи поврзување на зеленилото од парк – шумата Водно со градското зеленило и создавање на т.н. „зелени коридори“.Тоа се дел од проектите за почисто Скопје. И затоа: ги повикувам граѓаните на Гази Баба да се вклучат во оваа борба за почист воздух. За Скопје“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира