Макрадули: Со само еден реален глас плус, да се спротиставиме на многуте фантомски

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Сојуз за иднината“, Јани Макрадули денеска им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дале во првиот круг од изборите и ги повика тоа да го сторат и во вториот круг.

– Јавно им се заблагодарувам на скопјани на целокупната поддршка, за време на кампањата и на денот на изборите, и ги повикувам да ја продолжиме нашата заедничка борба за подобро Скопје. На 7-ми април, гласањето почнува од нула. За мене гласовите на скопјани не се нешто што може да се купи, уцени, биде резултат од закани. За мене секој глас е личност, човек со желби и потреби, кој заслужува подобар, модерен град, кој заслужува подобра, слободна држава, рече Макрадули на прес-конференција.

Оцени дека гласањето во првиот круг не било фер и демократски.

– Немаше фер натпревар, ниту имаше борба на идеи, предлози и визии. Злоупотребите на јавните средства, на парите на граѓаните, задушениот медиумски простор и притисоците врз гласачите ги детектираше и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, рече Макрадули.

Тој додава дека столбот на неговата кампања ќе бидат граѓаните кои живеат тука, како и нивните потреби.

– Заедно со граѓаните, со поддржувачите, ќе направам се, за мојата визија за подобро Скопје да стане реалност. Моите граѓани тоа го заслужуваат, и ништо помалку од тоа не прифаќам, додаде Макрадули.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он