Макрадули: Случајот со Казандол да не се политизира

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека случајот со рудникот Казандол не сака да се политизира, бидејќи како што рече тој пораките се јасни.

-Непочитувањето на процедурата е јасна. На Комисија за економски системи во петокот помина одлуката за згаснување на концесијата и останува Владата да ја донесе одлуката. Се разбира ние сметаме и сме длабоко уверени дека процедурите не беа испочитувани, обврските согласно законот не беа донесени. Заради тоа и носиме таква одлука. Верувам дека нема да влезат во една варијанта да се исполитизира целиот случај, туку согласно законите да се постапува и понатаму, вели Макрадули.

Пршан како ја коментира најавата на сопствениците на Казандол дека ќе бараат 380 милиони евра како оштета, Макрадули вели дека можат да зголемуваат колку што сакаат, но како што рече тоа е веќе друга работа.

-Владата има обврска да контролира дали е испочитуван договорот. Договорот не е испочитуван, не се исполнети обврските и врз база на договорот Комисијата за економски систем и предложи на Владата да ја одземе концесијата, рече Макрадули.

Заменик министерот за животна среднина, Макрадули вели дека сега околу случајот со рудникот Иловица има едно затишје, а смета дека е и јасна пораката која што се доби од граѓаните во југоисточниот регион.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски