(ВИДЕО) Макрадули: Скопје повторно ќе биде град на солидарноста

Од:

Синоќа официјално е потврдена мојата кандидатура за кандидат за градоначалник на Град Скопје и листата на советници, чиј носител е Софија Куновска. Од денеска и официјално и законски влегуваме во трка за победа во градот Скопје, истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и Сојузот за иднината Јани Макрадули.

Притоа, тој најави дека доколку победи на изборите ќе направи се Скопје повторно да биде град на солидарноста, во чест на 50-годишнината од скопскиот земјотрес.

Затоа, веднаш после победата ќе отвориме меѓународен конкурс, каде што најстручните луѓе, онака како што направија пред педесет години, ќе тргнат заедно со граѓаните во решавање на проблемите на Скопје, во градење на нова визија. Ќе го отвориме и конкурсот за изградба на плоштад на солидарноста, кој што ние скромно сме го замислиле да изгледа вака, и сме го проектирале, што не значи дека на меѓународниот конкурс нема да добиеме поубаво, помодерно или постручно решение, рече Макрадули.

Ние, додаде, мора тоа да го почитуваме и мора да ги почитуваме земјите кои што во 1963 година први пристигнаа овде и помогнаа Скопје да изгледа убаво и модерно, а не онака како што за жал е ситуацијата сега.

Би можело да ве интересира

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ДИК: Излезеноста до 18.30 часот e 55,1 отсто

ДИК: До 17 часот излезеноста e 45,88 отсто

Горан Наумовски