Макрадули: СДСМ ќе ја напушти кич-идеологијата и трупањето барок во Скопје

Од:

Опозицијата ги откри сите кандидати со кои ке ја бие битката за Скопје и скопските општини.

Кандидат за градоначалник на град Скопје е Јани Макрадули. За опозициската коалиција во Аеродром ќе настапи  Диме Велковски. Кандидат за градоначалник на Бутел е Коста Начевски.

Во општина Гази Баба опозицијата ќе ја претставува кандидатот на ВМРО-НП, Борче Стефановски. Александар Наумовски и официјално е кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.

Во Карпош довербата повторно ќе ја бара Стевче Јакимовски.

Во Кисела Вода за кандидат е избран Љупчо Васовски. Претседателот на ЛДП Андреј Жерновски, ќе ја води битката во општина Центар.

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива адутите,иако Коце Трајановски и Ивица Коневски, според сите информации се сигурни играчи.

Кандидатите на опозицијата денеска и официјално ја имаа заедничката фотографија.

Јани Макрадули рече дека СДСМ ќе ја напушти кич-идеологијата на споменици и трупањето барок на секоја фасада или зграда и дека ќе се посвети на функционалните потреби на граѓаните. Тоа, според Макрадули не значи дека ќе бидат деструктивно настроени кон она што е веќе изградено

„Ние кандидатите за градоначалнници на Скопје и скопските општини, од Сојузот на иднината се обврзуваме пред македонската и скопската јавност дека ќе работиме само и единствено на граѓаните на Скопје и околината и дека на Скопје ќе му го вратиме духот кој изминативе неколку години некој се обиде да му го земе“, рече Макрадули на денешната прес-конференција.

Во недела во 19.30 часот на плоштадот „Македонија“, на големиот народен митинг и официјално ќе бидат промовирани главните начела на нашите програми во рамките на Сојузот за иднината.

„Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, заеднички да го кренеме својот глас за подобра иднина, за подобру утре, да си ја побараме иднината сега“, додаде Макрадули.

Би можело да ве интересира

Во Франција падна град со големина на топче за голф, одложени летовите за Париз, уништени лозја

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он