Макрадули нема направено за Скопје ниту пола процент од тоа што Трајановски го направи во изминативе 4 години

Од:

„Очигледно од СДСМ немаат за што да не обвинуваат па мораат за тоа дека Скопје се гради. Јани Макрадули нема направено за Скопје ниту пола процент, од тоа што Коце Трајановски го направи за градот во изминатиот 4 годишен период.

– Личното учество на Јани Макрадули во создавањето на урбаниот хаос и дивоградбите од малиот ринг, како Тифани и Лумикс и многу слични градби на нив се делата на СДСМ за градот Скопје. Во овие неколку години додека на чело на градот Скопје е Коце Трајановски, се засадени повеќе од 46 илјади дрва само во Скопје, а во цела држава над 36 милиони садници на дрва.

– Набавени се нови градски автобуси од кои 136 двокатни, 80 нископодни и 16 мини автобуси и сите овие се со високи еколошки стандарди. Булеварите и улиците се градат и прошируваат како никогаш досега, со што се зголемува и подобрува проточноста на сообраќајот и се намалува загадувањето. За кусо време се реконстурираа, проширија и изградија: булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со турбо кружна крстосница, бучеварот Илинден, булеварот Свети Климент Охридски, булеварот Србија, булеварот Македонска Војска во Ѓорче Петров и многу други.

– Изградени се десетици километри пешачки патеки, нова канализациона мрежа, се градат катни гаражи, паркиралишта, паркови. Со мерката за либерализација на увозот на возила драстично е обновен возниот парк во Р. Македонија. Вака се штити животната средина.

– Низ градот Скопје се поставени нови 1 300 контејнери и 4500 канти за отпадоци се поделени на граѓините на Скопје. Набавени се комплетно нови 23 специјализирани возила за собирање на смет, наспроти 6-те стари и дотраени возила од времето кога градоначалник беше Ристо Пенов. Ова е влогот на градоначалникот Коце Трајановски за почисто Скопје. Затоа е јасно дека Јани Макрадули даде изјава само колку да го има на медиумите, а не поради тоа што има вистинска причина за тоа. Следниот пат ќе биде добро да објасни што Јани Макрадули направил за Скопје. Одговорот е ништо“, се вели во реакција ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески