(ВИДЕО) Макрадули: На овие избори нема опозиција, само власт и нејзини сателити

Од:

Јани Макрадули реагира на ветувањето на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека се исполнети сите услови за фер и демократска атмосфера во изборната кампања.

Не мина ни еден ден, вели, а власта веќе сериозно ја прекрши изборната регулатива.

„Вчера, комплетниот владин тим се стави во служба на предизборната кампања на нејзините кандидати за градоначалници, со што грубо ги прекрши изборните принципи кои се вклучени во правилата на ОБСЕ/ОДИХР и пред законскиот рок ја започна изборната кампања. Во само еден ден, министрите Ставрески и Јанакиески се појавија на отворање на канализација во Драчево, премиерот Груевски отвораше катна гаража заедно со градоначалникот на Центар Тодоровиќ, а министерот за надворешни работи Попоски го промовираше градоначалникот на Прилеп Марјан Ристовски“, укажа Макрадули.

Министрите, вели, заборавија на своите функции и ПОВТОРНО се ставија директно во служба на кандидатите на ВМРО – ДПМНЕ, што претставува тешка злоупотреба на нивната функција. Со ова, власта повторно ја изедначи државата со партијата и започна масовна кампања за промоција на кандидатите за градоначалници, спротивно на сите изборни правила и препораките на ОБСЕ/ОДХР.

„Вчерашниот ден е уште еден пример зошто власта толку цврсто одбива да ги прифати препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборната регулатива, во кои ваквото однесување е забрането и казниво. Ако таа ги прифати овие препораки, повеќе нема да смее да ги злоупотребува функционерите, а тие за вакви прекршувања ќе одат и во затвор. Наместо ова, власта упорно ги отфрла цврстите изборни правила, за да може да продолжи со злоупотребите во интерес на нивната кампања“, изјави Јани Макрадули.

Токму ваквото однесување,посочува, е дополнителна причина за нивниот бојкот на институциите и на локалните избори.

„Ако власта на овој начин ги злоупотребува институциите сега, не е тешко да се претпостави дека нема намера да дозволи рамноправна изборна борба. Токму поради ваквите злоупотреби, народот треба да ја казни оваа власт и преку масовен бојкот на изборите да и го одземе легитимитетот. Јавно сакам да ги прашам новите квази опозиционери, кои на овие избори треба да глумат против-кандидати, зошто тие не реагираат на овие груби злоупотреби на избирачкиот процес?

– Еве јавно ги прашуваме, дали за овие очигледни прекршувања, ќе поднесат пријави до надлежните институции?Молчењето на овие партии кои се појавуваат само на избори, како директна инсталација на власта, само покажува дека се и тие дел од истото сценарио. На сите им е јасно, на овие избори нема опозиција, туку има Власт и нејзините сателити. Како што е и јасно, дека без опозиција нема легитимни избори и нема демократија“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права