Макрадули: На Мите Макоил му се одмаздуваат дека не дава мито, а Шврговски е на егзотично патување

Од:

Извештајот за работата на Државниот завод за ревизија, ја вжешти атмосферата во собраниската сала.

И повторно како власта и опозицијата да имаа прочитано различен извештај.

Извештајот на Јани Макрадули му заличи како дело за награда на „Струшките вечери на поезијата“.

Најспорен дел е што ревизорите лоцирале„системска слабост“ во Министерството за транспорт и врски.

„Дали е системска слабост што финансиерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мите Јовановски, газдата на „Макоил“, човекот кој доби најмногу државно градежно земјиште, во интервју за „Фокус“, вели бидејчи одлучил веќе да не дава мито, му ги затворија бензинските пумпи. Јавниот обвинител е на егзотично патување и по овој напис се молчи. Зошто не напишавте министерство крадело, наместо системска грешка“, праша Јани Макрадули.

Никој во оваа држава од власта, според Макрадули, не си ја заслужува платата, сите, рече се длабоко забраздени во криминал и корупција,особено како се доаѓа до државно градежно земјиште.

„Тоа го прави фамилијата на премиерот.Тие кај што е медот не помислуваат да имаат волја да се контролира трошењето на народните пари“, рече Макрадули.

Ѓорѓи Кочабашиев, му забележа на Макрадули, дека негираат се што направила оваа власт, па и Извештајот за работата на Државниот ревизор.

Според него Извештајот е за почит, а не за критика.

Макрадули му забележа дека дошол со напишана реплика, му кажа дека е паметен човек, а не е како Сузана Анова

Силвана Бонева, побара за ова Макрадули да се извини.

„Владата направи упад во финансиската независност на ревизијата. Тој што ќе ви ги зеде парите, тој ќе ве контролира. За 204 милиони денари, или3,5 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ нема покритие како трошел за изборна кампања. Љубе може за 100 илјади евра да скапува во затвор, а ВМРО-ДПМНЕ може да нема покритие за 3,5 милиони евра“, рече Горан Мисовски.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите