Макрадули: Христијански или неонацистички се казните за дуќаните каде влегол СДСМ?

Од:

„Премиерот не живее во оваа држава, бидејќи повеќе патува отколку што е во Македонија, ама мислев дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ живеат во Македонија“, вака Јани Макрадули ја започна дискусијата по измените кои тие ги предлагаат во Законот за готовинско плаќање.

СДСМ бара дуќанџиите да не бидат казнувани драконски , и наместо веднаш да ги затвораат да им биде изречена опомена.

Силвана Бонева и пратениците од владеачката партија ги праша дали носат пари во џеб, бидејќи двајца дуќанџии, според законот, се казнети, едниот бидејќи имал пари за да си купи појадок, а вториот за автобуска карта.

„Дали смеат пари за појадок да имаат или треба да се хранат гледајќи Сител и Канал5? Државната каса ви е празна, трошите за глупости. Која инвестиција ќе ја донесе премиерот со делегацијата од прошетката во Сад и Канада.Циркус од Скопје правите , а премиерот се луксузира. И Државниот завод за статистика ли лаже кога кажа вчера дека индустриското производство паѓа 11 месеци по ред? Христијански или неонацистички е ако ги казнувате дуќанџиите, еден ден откако СДСМ ги посетил?, праша Макрадули.

„Според вас државата треба безумни луѓе да ја водат, кои нема да ги прибираат давачките и да ги уништува сите. Заложба на СДСМ е да прави револт кај граѓаните и да ја уништува државата.Никаде не стои дека треба да се претресуваат вработените. Тоа инспекторите од СДСМ самоволно го прават на дуќанџиите од ВМРО-ДПМНЕ.Така мене ми се жалат“, реплицираше Силвана Бонева..

„Срамота е да ги делите инспекторите на оние од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Тоа вие го знаете. Срамота е за 50 денари вишок во каса, да затворате дуќани“, рече Макрадули.

Ова е втор дена дебата за законот. ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа измените, и за нив ова е популистички потег на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор