Макрадули го повикува Трајановски на ТВ дуел

Од:

Дали кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за делата на Трајановски мислат на златната ограда од 2 милиони евра, која се уште не собраа храброст да ја постават, прашуваат од СДСМ, по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која владеачката партија истакна дека кандидатот за градоначалник за Скопје од СДСМ, Јани Макрадули, водел ниска кампања.

„Дали можеби мислат на споменикот на Чакаларов кој денеска го пренесуваа од леарницата во Хиподром, но повторно немаа храброст да го постават на кружниот тек кај Католичката црква, во центарот на Скопје. Или пак можеби мислат на делото старо-нов театар кој од најавуваните 9 милиони евра, достигна астрономска вредност од 40 милиони евра“, прашуваат од СДСМ.

Оттаму го повикуваат Коце Трајановски доколку сака да зборува за програмите и решенијата кои Макрадули ги нуди за Скопје, тоа да го направи на дуел, на која сака телевизија и со кој сака новинар.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он