Макфакс: Панчевски поднел жалба до Апелација за пресудата за мобингот

Од:

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, преку адвокатот Димитар Дангов поднел жалба на пресудата за мобинг на Основниот суд Скопје 2 за која одлучуваше судијката Хилда Мешкова, дознава новинската агенција „Макфакс“.

Сега скопска Апелација треба да ја разгледа жалбата. Пресудата на граѓанскиот суд, и по еден месец, сè уште не е објавена на судскиот портал во делот за пресуди.

Сепак, „Макфакс“ дојде до пресудата во која оштетен е Горан Стаменковски, поранешен шеф на одделението за човечки ресурси. Во неа пишува дека судијата Владимир Панчевски, иако бил уредно повикан на сите рочишта во својство на странка, не се појавил ниту еднаш. Тој во 2016 година при престојот во Холандија му испратил порака на „Вибер“ на Стаменковски.

Во пораката имало фотографија на која се гледа како Стаменковски е на протест на шарената револуција. Панчевски го прашал Стаменковски што прави на протестот и дека ќе биде казнет, по што следниот месец добил опомена, дисциплинска постапка и 20 отсто помала плата. Во пресудата на скопска двојка пишува и дека Панчевски на Стаменковски му давал по 400 предмети како месечна норма, што според Државниот инспекторат за труд не е во согласност со Законот за судската служба. Панчевски, пак, тврдел дека таа норма не е мобинг и се однесува на сите службеници што работат во одделот. Во постапката беа сослушани тројца сведоци.

Судијата Панчевски треба да плати 93.522 денара за трошоци во постапката.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“