Макекдонската Влада со осуда за вокабуларот на грчките војници

Од:

Владата на Република Македонија денеска преку соопштение, најостро протестира за насилничкиот и заканувачки вокабулар, кој го употребуваат грчките војници и кој е, се вели, својствен за некои дамнешни времиња. Ваквите чинови, се оценува, подгреваат меѓудржавна омраза.

Како што се наведува во соопштението, Владата ги презема сите дипломатски чекори за осуда на овој и ваквите слични настани во Република Грција, кои не придонесуваат за промовирање на добрососедството и духот на соработката.

– Загрижува фактот што вакви недолични и нецивилизирани појави со години се повторуваат во Република Грција, а јавноста не се сеќава да имало официјално извинување и оградување од властите. Веројатно не им пречи кога Македонци, Албанци или Турци им ги оставаат парите како туристи, а надвор од тоа пеат дека “ќе им ја цицаат крвта”, се посочува во владиното соопштение.

Воедно, се посочува дека Европската Унија ова го премолчува и толерира, а не би требало.

– Сведоци сме на прекумерни реакции за збиднувања во земјава, но редовно кога станува збор за ваков речник и настапи во Република Грција кои рефлектираат и промовираат насилнички национализам се премолчува. За доброто на европската идеја и вредностите кои таа ги промовира, неопходно е ваквите практики и брутални изблици на најрадикален национализам во државни структури да наидат на најостри осуди, стои во реакцијата на Владата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски