Македонското знаме на јарбол во Лондон пред самитот на НАТО

Од:

„Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!“, напиша на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска во пресрет на самитот на Алијансата што треба да се одржи на 3 и 4 декември во престолнината на Обединетото Кралство.

На самитот на НАТО во Лондон Северна Македонија ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министерката Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО, со оглед дека за десет месеци Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ