ВИДЕО: Македонското општество се соочува со развиена традиција на корупција

Од:

Предизвикот кој стои пред сите нас е во иднина да зборуваме за придобивките од слободната држава во која живееме, заснована на партнерство, слободна мисла и достоинство. Граѓаните имаат право да живеат во слободна држава, а институциите имаат обврска тоа да го обезбедат, рече министерот Спасовски во воведното обраќање на денешната конференција „Заробена држава-политички, социјални и економски интереси“, што се одржува во Скопје во склоп на обележувањето на меѓународниот ден за борба против корупцијата, а е во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

„На работните состаноци во министерството за внатрешни работи, особено оние посветени на клучните реформи кои ги спроведуваме, често се споменуваат резултатите од реформите. Големо внимание и енергија се посветува на измените на законските решенија, подготовките и нивното имплементирање, придобивките за граѓаните кои тие ги носат. Но вистинскиот предизвик за секоја реформа, за секоја измена на легислативата е всушност промената на свеста, или реформата на умот. Законите ќе ги донесеме, но нивната имплементација зависи од одлучноста да го промениме начинот на размислување“, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски ја потенцира и неопходноста за партнерство со граѓанските организации.

„Првиот чекор кон ослободување на државата е критичката мисла. Критичката мисла која во себе ќе даде и критика, но и конструктивни забелешки и насоки. И таа критичка мисла не смее да има скриени мотиви, туку треба да биде искрена и издржана. Целта на создавањето на партнерства со граѓанските организации не е да ги направиме составен дел на министерствата, да им дадеме финансиска поддршка во замена за нивната соработка. Нашата идеја е да дозволиме да биде слушнат граѓанскиот глас кој ќе биде партнер во промените во нашето општество и коректор на нашите постапки“, истакна Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он