Македонските ученици може да се пријават за Меѓународна олимпијада по англиски јазик

Од:

Ученици од државните и приватните училишта од земјава до 31 март 2023 може да се пријават/регистрираат за учество на првата Меѓународна олимпијада по англиски јазик.

Олимпијадата ќе се одржува од 10 до 17 септември 2023 во Букурешт, информира Министерството за образование и наука по известување од Амбасадата на Романија во земјава.

– Сите потребни информации во врска со првата меѓународна олимпијада по англиски јазик (1st International English Language Olympiad – IELO 2023) во Романија може да се најдат на веб-страницата http://ielo.sincaibm.ro/ Дополнителни информации може да се добијат на е-адресата: [email protected], пишува во објавата на МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци