Македонските државјани се на списоците за евакуација преку преминот Рафах, МНР очекува да излезат од Газа

Од:

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

– Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.

Според информациите од МНР, во Газа евакуација чекаат две семејства, брачен пар и македонски државјанин со сопруга Палестинка кои имаат две мали деца.

Премиот Рафах денеска беше отворен за да поминат странски државјани, жители на Газа со двојно државјанство како и тешко повредени. Според информациите на странските агенции, на списокот има 500 луѓе кои треба да ја поминат границата денеска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Палестинците во пеколот на шаторските населби во Газа

Сведоштва на сексуално злоставувани Палестинци во притвор на ИДФ: „Се молев за смрт“

Катерина Ѓуровски

Израелскиот парламент одобри специјален трибунал за Палестинците: Пренос во живо и смртна казна по кратка постапка

ВИДЕО: Израел повторно го крши меѓународното право, обвини шпанскиот премиер Санчез

ВИДЕО: Израелската морнарица ги пресретнува бродовите од хуманитарната флотила за Газа

(ВИДЕО) Израелски војници силувале Палестинец: постои снимка, но нема да бидат судени