Македонските армиски „волци“ пофалени за подготвеноста

Од:

Командантот на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти заедно со делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија, предводена од министерката Радмила Шекеринска, во касарната „Илинден“ проследи показна вежба изведена од припадниците на Полкот за специјални операции во АРМ.

Македонските специјалци пред високите гости ја демонстрираа својата подготвеност за дејствување при заседа на мала терористичка група, контролна точка со гонење на моторно возило и заседа, препад на населено место и заробување на високовредна цел и спасување на населението.

Генералот Скапароти, пред министерката Шеќеринска, ги пофали трупите за покажаната дисциплина и подготвеност.

– Сакам да ги пофалам вашите трупи за јасната обука и покажаната дисциплина и подготвеност, како и да истакнам дека тие користат НАТО стандарди и НАТО процедури. Тоа што денеска го видовме е навистина значајно, изјави Скапароти.

Алијансата, нагласи Скапароти, високо го вреднува придонесот на Скопје во операциите на НАТО во Авганистан и учеството на вашите трупи во поддршка на меѓународните сили.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази уверување дека Македонија е сигурен партнер и сојузник, кој ќе продолжи да придонесува преку учество во меѓународни мисии.

– Како идна членка на НАТО од почетокот на оваа година го зголемивме македонскиот контингент во мисијата „Одлучна поддршка“ за 20 проценти. До крајот на годината испраќаме поддршка за изборите во Авганистан, но и дополнително зголемување на нашите трупи, изјави Шекеринска.

Изрази задоволство, што на дел од македонскиот контингент му е доверена заштитата на командата на мисијата во Кабул.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски