Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Од:

Во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години, македонскиот тим eBionics е глобален победник на годинешниов светски натпревар младински предизвик „Генерација без граници 2019/2020“ во Њујорк.

Тимот победи со идејата „VenusArm“ односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката.

Тимот „eBionics“, кој ја изработи бионичката рака, го сочинуваат Орхан Багашов – задолжен за дизајнот, Тео Китановски – за програмирањето, Борис Ночески – за менаџирање на социјалните мрежи и Анамарија Илиева – за изработка на веб-страницата.

Станува збор за ученици во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, кои работеа под менторство на професорот Иван Чорбев.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска