Македонскиот полициски синдикат бара поголема заштита на припадниците на МВР

Од:

Македонскиот полициски синдикат по појавата на неколку случаи на припадници на МВР заболени од коронавирусот, и еден починат, од Министерството за внатрешни работи бара засилени мерки и активности за заштита.

Синдикатот бара почитување во целост на препораките за заштита од Ковид-19 од Светската здраствена организација, Владата на Република Северна Македонија и Центарот за јавно здравје, како и итна распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција кои МВР ги доби како донација во изминатиот период, подеднакво за сите вработени во Министерството, а со забрзано темпо да се отпочне со неделна дезинфекција на сите простории каде припадниците на МВР ги извршуваат своите работни обврски и на службените возила. Се бара и тестирање за коронавирусот на сите вработени во Министерството кои биле во контакт со заболените колеги.

Од овој Синдикат бараат и МВР да изготви и дистрибуира мини прирачник со инструкции за заштита од Ковид-19 на вработените во Министерството за време на извршување на своите службени задачи, доделување на еднократна финансиска помош во висина на една просечна плата на сите колеги кои се заболени од Ковид-19, како и на семејството на починатиот колега, а да се обезбеди и психолошка помош и поддршка на вработените кои се во изолација или самоизолација.

Од Македонскиот полициски синдикат бараат и да се стават во мирување сите постапкит за утврдување на дисциплинска и матерјална одговорност кои се водат во Министерството за внатрешни работи, редовна исплата на отпремнини на вработени во Министерството кои заминуваат во пензија, отпочнување со исплата на додаток на плата од 5 отсто за сите вработени во МВР од криминалистичка полиција кои своите работи и работни задачи ги извршуваат во смени, како и да се забрзааат тендерските постапки за работна униформа и ангазирање на поголем број конфекции во државата со цел тие побрзо да бидат изработени.

– Поради неможноста да се искористи годишниот одмор од 2019 година во законски утврдениот рок бараме да се пролонгира рокот за користење на годишен одмор за време колку што трае спреченоста за користење или истиот да се плати доколку за тоа има согласност од вработениот, да се изготви Предлог-уредба со која приправниците од 2018/2019 класа ќе добијат овластувања без да полагаат приправнички испит. Исто така, во овој период поради вонредната состојба во државата вработените во Министерството се ангажираат повеќе од со закон пропишаното работно време, поради што бараме да се изнајде решение за исплата на сите изработени часови, се вели во соопштението од Макердонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Портпаролот на СДСМ, Кузеска, негативна на коронавирус

Ана Ололовска

Регистрирани 591 прекршок за неносење лична заштита

Ана Ололовска

Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Ана Ололовска

Најголем број позитивни на КОВИД-19 во еден ден од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Ана Ололовска

Македонците ќе мора да бидат во двонеделен карантин доколку влезат во Бугарија

А1он