Македонскиот јазик стана официјален во српската општина Пландиште

Од:

Обединетата македонска дијаспора ја поздави одлуката со која Општината Пландиште во Србија, во која живее голема македонска заедница, го прогласи македонскиот за службен јазик на општината. Оваа иницијатива е охрабрувачки пример за другите општини со големо македонско население во Србија, како и во Албанија, Грција и Бугарија, велат од ОМД.

– По распаѓањето на Југославија, јазичните и малцинските права кои Македонците во Србија ги уживаа во голема мера беа укинати. Задоволство е да видиме дека работите може да се променат на подобро за македонската заедница во Србија. Прогласувањето на македонскиот јазик за официјален укажува на фактот дека локалните власти имаат капацитет да вратат некои од укинатите права, рече претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов.

Од организацијата на Македонците со седиште во Вашингтон очекуваат дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на општина Пландиште. Оценуваат дека ќе биде потребна многу добра волја за да се решат и преостанатите билатерални проблеми меѓу Србија и Македонија, како што е континуираното непризнавање на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква.

Регионалениот претставник на ОМД за Грција Евгенија Нацилиду, исто така, ја поздрави одлуката со која се унапредуваат правата на Македонците во Србија.

– Теритиријата на нашите предци денеска и припаѓа на земји членки на НАТО и ЕУ, и во овие земји различните култури и јазик се подложени на секојдневни напади од страна на ултра-националистичките политики на асимилација од страна на Тирана, Софија и Атина. Но, бидејќи забележуваме мали напредоци на правата на Македонците во Србија, се надеваме дека состојбата на македонските заедници во земјите членки на НАТО и ЕУ исто така ќе се подобри. Можеби локалните власти ќе бидат иницијатиорите на потребните социјални промени, а не националните парламенти на овие држави, вели Нацилиду.

Според српскиот закон малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се прогласи македонскиот јазик за официјален. Унгарскиот, словачкиот, романскиот, хрватскиот, рутеријанскиот, чешкиот, бугарскиот и црногорскиот јазик беа претходно прогласени за официјалени јазици во различни српски општини.

Во Македонија, албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, српскиот и босанскиот јазик делат сличен статус во општините каде тие јазични малцинства сочинуваат 20 проценти од популацијата. ОМД смета дека е иронично што земјите кои не се членки на ЕУ, како Србија, ја имаат имплементирано Европската повелба за регионални и малцински јазици, додека членките на ЕУ, како Бугарија и Грција ја немаат имплементирано оваа повелба.

Европскиот парламент официјално и целосно го призна македонскиот јазик во февруари 1994 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години