Македонски железници ќе ги користат искуствата од јапонската железница

Од:

Македонски железници ќе соработуваат со Јапонските железници и ќе ги користат нивните искуства со цел да се подобри квалитетот на железничкиот сообраќај во Македонија.

На денешната средба меѓу директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Ирфан Асани и почесниот јапонски конзул во Македонија, Матсатаке Матсуда истакнато е дека од значајна корист би биле посетите на експертско ниво и размената на кадри.

Асани ја презентирал фактичката состојба во која се наоѓаат македонските железници, притоа истакнувајќи дека во последните три години се реализирани толку активности, колку што не се направени во последните 20 години.

Прифаќајќи ја поканата за посета на јапонските железници, Асани истакнал дека е чест да се видат искуствата во железничкиот сообраќај од држава каде овој вид на сообраќај е поставен на највисоко можно ниво.

Почесниот конзул на Јапонија посочил дека железничкиот сообраќај претставува најбезбеден и најсигурен превоз и оти железницата има најниски трошоци за одржување.

Македонија, како што информираат од МЖ Инфраструктура, може да ги користи искуствата од Јапонија во делот за нови системи за безбедност во железницата, сигнални системи за брзи пруги, користење на алтернативна енергија за напојување на системите во железница, нови системи за водење и контрола на сообраќајот и за интеграција на железничките системи.

Во Јапонија постојат шест железнички компании, а железничкиот сообраќај го користат дневно 16,8 милиони патници.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска