Македонски шуми: Граѓаните да купувааат огревно дрво од легална сеча

Од:

Граѓаните да купуваат огревно дрво од легална сеча, жигосано и со испратница, порачуваат од ЈП „Македонски шуми“. Претпријатието денеска уште еднаш потсети дека од 1 август до 30 септември годинава се намалени цените на буковото огревно дрво за десет отсто за сите физичи лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.

Македонски шуми, како што изјави помошникот генерален директор Тони Јованов, располага со доволно огревни дрва и е подготвено на граѓаните навреме да им ги испорача купените количини.

– Апелираме при купувањето огревно дрво да се проверува дали е тоа жигосано и има испратница. Во спротивно, ако се работи за нелегална, дива сеча, граѓаните само ќе ги фрлат парите во вода, истакна Јованов.

Македонски шуми во соработка со шумската полиција и МВР е постојано на терен и ги проверува пратките, врши контроли при транспортот на огревно дрво.

– Годинава дрвокрадството е со намален интензитет. Сепак, останува повикот до граѓаните ако евентуално забележат, да пријават нелегална сеча која го уништува шумскиот фонд и предизвикува ерозија, рече директорот.

Претпријатието има околу 200 илјади метри кубни огревно дрво на залиха. Според Јованов, дабовото дрво останува со непроменета цена од 2.450 денари за метар кубен . Тој уште еднаш подвлече дека сите што склучиле договор со Македонски шуми и оние кои сакаат да купат буково огревно дрво по намалена цена, ќе бидат навреме снабдени.

Во Македонија преку 30 отсто од населението се грее на дрва и притоа 70 проценти од дрвото е буково.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска