Македонски шлепер се преврте кај Врање

Од:

Камион-шлепер со македонски регистерски таблички утрово се преврте кај селото Мазараќ на магистралниот пат Врање-Владичин Хан.

Како што соопшти Полициската управа во Врање, во несреќата нема повредени, а предизвикана е само помала материјална штета. Причините за несреќата засега не се познати.

Веднаш по инцидентот помош на возачот му пружиле работници на грчката градежна компанија „Терма“, чиј камп со градежни машини се наоѓа во непосредна близина,

Поради несреќата, сообраќајот на овој магистрален пат бил во прекин само 15-тина минути.

Електронското издание на „Блиц“ јави дека местото на кое се случила несреќата е многу ризично, бидејќи има остра кривина под еден назводник, која  настана со поместувањето на стариот магистрален пат и изградбата на патниот Коридор 10.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он