• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Македонски пратеник во Албанија: Областите каде што живеат Македонците се најсиромашни, Владата мора да инвестира

by А1он04/06/2020 - 15:35762
Share0

Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, побара од Владата да инвестира во областите каде што живеат Македонците, зашто, како што рече, тие се најсиромашни области во Албанија.

Добивај вести на вибер

-Во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција ја повикувам Владата и локалните власти да инвестираат и да ги подобрат условите за живот и работа во областите каде живее македонската заедница. Овие области се најсиромашни области во нашата земја, запоставени од сите влади во последните 30 години, без потребната патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, здравствена услуга, електрична енергија и друго, рече Стерјовски.

Додаде дека пандемијата со ковид-19, како впрочем и на целата територија на Албанија, многу ги погодила областите каде што живее македонската заедница.

Според него, поголемиот дел од македонската заедница особено во руралните средини, областите Преспа, Гора, Голо Брдо и селото Врбник во областа Девол „преживуваат благодарение на емиграцијата во Македонија и во Грција“.

-Стапката на невработеност во овие области пред пандемијата со коронавирусот беше повисока од просечната стапка на невработеност во нашата земја. Затворањето на границите го отежнa животот за македонската заедница. Македонците што живеат во пограничните области со Македонија со нетрпение ја чекаат одлуката на Владата на Македонија да ја отвори границата, како што тоа го стори Владата на Албанија на први јуни, за да работaт како сезонски работници во Македонија, посочи тој.

Секако, констатираше Стерјовски, отворањето на границата од страна на С. Македонија ќе ја зголеми и економската соработка, трговијата и туризмот помеѓу двете земји.

Во својата дискусија тој ја поддржа Владата на премиерот Еди Рама за издавање еврообрзница.

-Нашата економија за кратко време силно беше погодена, најпрво од земјотресот на 26 ноември 2019 година, а сега и од пандемијата. Издавањето на еврообврзницата во висина до 650 милиони евра треба да послужи да се намалат ефектите од овие појави и за закрепнување на домашната економија, рече Стерјовски.

Тој, од свое име, во име на МАЕИ чиј претседател е и во име на сите Македонци, искажа голема благодарност до здравствените работници, припадниците на полицијата и армијата за „нивната пожртвуваност да им помогнат на граѓаните да се справат со Ковид – 19“.

albanija

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:3122/12/2025 - 14:32

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 14:2918/12/2025 - 14:32

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Горан Наумовски24/11/2025 - 19:05

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 08:56

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен