Македонски камионџии протестираат на Батровци – Бајаково

Од:

Македонски камиoнџи рано изутринава го блокираа патничкиот сообраќај во меѓуграничниот појас на преминот Батровци/Бајаково на српско-хрватската граница, јави Танјуг.

Според српската агенција, три камиони со македонски регитарски таблички, што превезуваат лесно расиплива стока, се попречени во меѓуграничнуиот појас на овој главен премин на границата меѓу Србија и Хрватска.

Камионџиите изјавиле дека се решиле на ваквиот потег незадоволни од неколкудневното чекање на границата, поради што стоката која ја превезуваат веќе почнала да се расипува. Тие се заканиле и дека расипаната стока ќе ја истоварат на самиот пат.

Според Танјуг, хрватската полиција се обидува да ги убеди да ги поместат возилата.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија