Македонски фудбалер се бори за живот

Од:

Фудбалерот Александар Пандовски се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на излезот од Скопје.

Според неофицијалните информации, до несреќата дошло откако возило марка „Голф“ во кое се наоѓале Пандовски и неговиот татко загубило контрола и со брзина од преку 100 километри на час удрило во столб на бензинската пумпа „Макпетрол“, која се наоѓа пред излезот од главниот град.

Првичните информации говорат дека Пандовски и неговиот родител се наоѓале во тешка состојба и веднаш биле пренесени во клиниката во Скопје, каде борбата за живот на овој 23-годишен фудбалер продолжува.

Александар Пандовски е поранешен фудбалер на Вардар, настапуваше и за екипата на Работнички, а негов последен ангажман му беше во Еуромилк.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип