Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари

Од:

На граничниот премин „Божај“ на излез од Црна Гора, уапсен е македонски државјанин под сомнение за обид за шверц на пари во износ од приближно 40.000 евра.

„Вчера, на граничниот премин „Божај“ на излез од Црна Гора, Ф.П. (34), државјанин на Република Македонија, се приближил до граничната контрола, управувајќи „голф“. Детални гранични контроли биле извршени на втората линија на граничните проверки, кога полициските и царинските службеници, по прегледот на внатрешноста на возилото, пронашле 39.950 евра во различни апоени во делови од седиштето“, потврди полицијата.

За настанот бил известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, а по чија наредба, по собирањето информации и преземањето мерки и дејствија, Ф.П. бил лишен од слобода под сомнение за сторено кривично дело перење пари.

Осомничениот денес ќе биде приведен во обвинителството во Подгорица за понатамошна надлежност и дејствие, заедно со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Македонски државјанин баран за три убиства e уапсен во Тирана

Горан Наумовски

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ