Македонски доктори од следниот месец на обука во германската клиника Хајдекреис

Од:

Македонски доктори и медицински сестри  од наредниот  месец  ќе одат на едукација во германската клиника Хајдекреис, предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа на денешната средба македонскиот министер за здравство Никола Тодоров  и проф. Томас Витингер, шеф на Одделот за интерна медицина на германската клиника.

Потпишаниот меморандум во тек на работната посета на министерот Тодоров на Германија, опфаќа соработка во голем број медицински области, како што се интерна медицина, кардиологија и кардиохирургија, гинекологија, анестезиологија…

– Почнувајќи од наредниот месец, првата група доктори и медицински сестри од сите медицински области ќе заминат на едукација во овој врвен медицински центар, а на годишно ниво планирано е вкупно 50 доктори и медицински сестри да бидат испратени на едукација, соопшти Министерството за здравство.

На средбата на Тодоров и Витингер се разгледани и можностите повеќе германски доктори и професори да вршат едукација на медицинските тимови од Клиничката болница-Тетово и ГОБ „8 Септември“ во областа на интервентната кардиологија, со што дополнително ќе придонесат кон унапредување на функционирањето на мрежата на интервентна кардиологија во Македонија.

Германската клиника „Хајдекреис“, со болниците во Солтау и Валсроде, претставува реномирана здравствена установа којашто дава здравствени услуги за населението од голем број населени места во овој регион од Германија. На годишно ниво има околу 18.000 болнички пациенти и преку 45.000 амбулантски лекувања.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем