Македонски, бугарски и албански претставници пак имаа состанок, пак најавија „интензивирање на изградбата на Коридорот 8“

Од:

Поинтензивна соработка во изградбата на железничкиот Коридор 8 најавуваат управителите на железничката инфаструктура од Северна Македонија, Бугарија и од Албанија, кои денеска во Софија одржаа трилатарален состанок и потпишаа протокол за соработка.

Како што изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфратсруктура на РСМ Хари Локвенец, на средбата на делегациите предводени од него и од неговите колеги од Бугарија, Красимир Папукчијски, и од Албанија, Ани Дурмиши, се разговарало за приоретизација и активности поврзани со изградбата на железничкиот Коридор 8.

– Дискусијата резултираше со потпишување на Трилатерален протокол за соработка со цел поинтензивна посветеност и соработка меѓу трите управители на железничка инфраструктура, информира Локвенец.

Тој претходно изјави дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија. За тој проект е во тек втората фаза на тендерската постапка за избор на изведувач на првите две делници од Куманово до Бељаковце и Бељаковце до Крива Паланка, кој ќе ги продолжи активностите на терен, а за третата делница до границата со Бугарија е во тек подготовка на тендерската документација.

-Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен проект, рече Локвенец.

Во рамки на железничкиот Коридор 8 е и најавената изградба на пругата Кичево – Лин.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски

Ќе биде блокирана експропријацита за коридорите 8 и 10 ако не се исполнат барањата на правобранителите

ДУИ: Партиите кои денес се фалат со Коридорот 8 до вчера го критикуваа

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски