„Македонски блесок 13“: Ренџерите на АРМ елиминираа непријателска војска

Од:

Ренџерите на АРМ вчера успешно елиминираа непријателска војска, деактивираа и се справуваа со експлозивни направи и помогнаа на ранети војници од нападот кој се случи во рамките на активностите на вежбата „Македонски Блесок 13“, во која се врши реоценување на средната пешадиска баталјонска група и ренџерска чета согласно НАТО концептот за оперативни способности -Ниво 2. Доцна вечерта тие се справуваа со артилериски напад и извлекуваа повредени.

Како што соопштија од АРМ, ренџерската чета по извршениот марш од касарната „Илинден“ во Скопје до армискиот полигон „Криволак“, се најде во ситуација да реагира на контакт со непријателски елементи, а веднаш потоа се справуваа со импровизирани експлозивни направи и постапки со повредени и ранети.

Во исто време средната пешадиска баталјонска група по оценување на мирновремените локации се придвижи кон Криволак каде денес ги очекуваат коплексни и сложени задачи.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски