Македонската НВО „Новинари за човекови права дел“ од Нобеловата награда за мир за 2017

Од:

Невладината организација „Новинари за човекови права“ од Македонија е дел од работата на 468‐те организации кои успеаја да придонесат за овогодинешната Нобелова награда за мир, да припадне на Меѓународната кампања за отфрлање на нуклеарното оружје (ИКАН).

Нобелова награда за мир за 2017 година ИКАН ја доби за десетгодишните напори во борба за забрана на нуклеарното оружје.

Коалицијата ИКАН работи од 2007 година во Австралија и денеска соработува со 468 невладини организации од 101 држава. „Новинари за човекови права“ се дел од регионалната канцеларија на ИКАН Југоисточна Европа, со седиште во Белград и ги опфаќа Србија, БиХ, Македонија, Албанија Косово и други.

Според Филип Спировски од НЧП, Македонија заедно со другите земји од овој регион и светот, активно придонесува за борбата не само против смртоносните атоми, туку и против мините и касетните бомби.

‐ Наградата претставува заеднички влог на сите нејзини учесници кои изминативе десет години неуморно работеа на подигнување на свеста за злото што го носи нуеклеарното оружје. Тоа резултираше со донесување на Договор за забрана од ОН во Њујорк, а чие потпишување започна на 20 септември, оваа година. Македонија се уште го нема потпишано овој Договор, вели Филип Спировски, во соопштението од НЧП.

Би можело да ве интересира

Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир

А1он

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Американката Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Жарко Настоски

Комитет за литература: Нобеловата награда не може да биде одземена

Бушамауи: Верувам дека Заев и Ципрас ќе ја добијат Нобеловата награда, тоа ќе биде доказ дека се може да се постигне со дијалог

Наум Локоски

Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир

Наум Локоски