Трамп верува дека заслужува Нобелова награда за решавање на конфликтите меѓу Белград и Приштина

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, верува дека заслужува да ја добие Нобеловата награда за мир неколкупати, како и за неговата вклученост во решавањето на конфликтот меѓу Србија и Косово.

„Требаше да ми биде доделена Нобеловата награда за Руанда, а дали го видовте случајот Конго? Можете да кажете Србија и Косово. Можете да наведете многу такви случаи. Најголемите се Индија и Пакистан. Требаше да ја добијам Нобеловата награда четири или пет пати“ – рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Неколку дена претходно, Трамп објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека повторно ќе се вклучи во прашањето за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и нагласи дека за време на неговиот прв претседателски мандат е спречен ескалација на конфликтот меѓу двете страни.

„За време на мојот прв мандат, Србија и Косово се судрија жестоко, како што правеа со децении, и овој долгогодишен конфликт се закануваше да се претвори во војна. Јас го спречив. (Поранешниот американски претседател Џозеф) Бајден ги оштети долгорочните перспективи со некои многу глупави одлуки, но повторно ќе го поправам!“, рече Трамп.

Како што објави Владата на Пакистан, тој ќе биде формално номиниран за Нобелова награда за мир за 2026 година, поради, како што наведуваат, неговата „решителна дипломатска интервенција и клучно водство“ за време на кризата меѓу Пакистан и Индија.

Би можело да ве интересира

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер

Нов ултиматум: „Имаат две опции“

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

А1он

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он