Македонската филхармонија во градски парк

Од:

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар вечер во Градскиот парк по петти пат ќе го организираат мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

Македонската филхармонија под диригентска палка на гостинот од Велика Британија Тимоти Редмонд ќе изведе незаборавни рок хитови во симфониски аранжмани и најавува фантастично доживување.

Посетителите ќе можат да уживаат во легендарните хитови од 80-те и 90-те години: Angie – Rolling Stones, Every breath you take – Police, Stairway to heaven – Led Zepplin, Bohemian Rhapsody – Queen, Simply the best – Tina Turner, Thriller – Michael Jackson, Layla – Eric Clapton, Pride – U2, Another brick in the wall – Pink Floyd.

Овие песни веќе се оркестрирани за симфониски оркестар и со голем успех изведувани од бројни оркестри во светот.

Сегментот „Добиј книга“ оваа година ќе го одбележи делото на Максанс Фермин со наслов „Снег“ од кое на присутната публика ќе и бидат подарени 20.000 книги.

 

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво