Македонската експертска комисија утре очекува радикални ставови од бугарска страна

Од:

По неуспешните последни состаноци на нашите историчари со мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана во согласност со договорот за добрососедство со Бугарија, на утрешната средба во Охрид се очекува радикализирање на ставовите од бугарска страна. Според претседателот на македонскиот тим експерти во мешовитата македонско-бугарска комисија, Драги Ѓоргиев, проблемите што неодамна произлегоа од ставовите на Бугарија за македонкиот јазик можно е да влијаат на оваа средба.

„Иако не е во наша надлежност да разговараме за јазикот, очекувам дека по неодамнешната изјава, на утрешниот состанок можно е да бидат радикализирани ставовите на усогласување за нашите точки. Наша тема на разговор остануваат проблематиката на некои лекции по историја од седмо одделение и чествувањето на Гоце Делчев, изјави Ѓоргиев за „А1он“.

Премиерот Зоран Заев во текот на денот ќе се сретне со нашите историчари членови на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања.

Последните состаноци на оваа комисија завршија без успех, без договор за тоа чиј бил Гоце Делчев.

Премиерот Заев претходно рече дека Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Тој укажа дека со досега постигнатиот договор на оваа комисија договорени се недоразбирања за шест историски личности и четири поглавја и дека верува дека ќе се најдат решенија во склад со билатералниот дијалог со Бугарија.

Од Бугарија, пак, доаѓаат инфомации дека нивната поддршка за македонската евроинтеграција нема да биде безусловна.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море