Македонската дијаспора не сака премиер Албанец

Од:

Македонската заедница од Торонто Канада се спротивставува на идејата премиер да биде Албанец. Ова е став на иселениците испратен од Управата при Македонската православна црква „Свети Климент Охридски во Торонто. Во рекацијата која доаѓа по информациите дека при коалиција на СДСМ и ДУИ за премиер на македонската влада би бил назначен Албанец.

“Ние како македонски иселеници осудуваме секаква тенденција која оди во таков правец. Предупредуваме дека никој нема право да прави пазар од националните интереси на Македонците. За нас е поразителна оваа идеја, а уште попоразителен е фактот што зад ваквото сценарио стојат политички субјекти од македонските политички партии. Таквите византиски игри само ја разнишуваат довербата на граѓаните во македонските политичари. Создавањето на таква влада нема да биде репрезент на интересот на граѓаните и македонците, туку вештачка конструкција направена според пазарите во партиските кабинети на Црвенковски и Ахмети“, се вели во реакцијата.

На иста линија се и Македонците во Австралија. Од таму, Федерацијата на македонски организации пишува дека таквото сценарио е изневерување на македонските национални интереси.

“Нема да дозволиме тргување со македонската гордост и чуствата на сите Македонци. Да не заборавиме дека истите тие на кои сега СДСМ им нуди премиерско место посегнаа по суверинитетот на државата.Таквата идеја преставува загрозување на иднината на државата, нејзината стабилност и целовитост. Република Македонија не е лична своевина ниту на Бранко Црвенковски, ниту на било која друга политичка партија или лидер. Таа држава им припаѓа на сите граѓани и на сите Македонци ширум светот. И како Македонци нема да дозволиме нашите интереси да бидат застапувани од премиер Албанец“, се вели во писмото од Македонците во Австралија.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски

Благој Нацоски ја поздрави мерката на Османи: Ќе ја користам „МКартата“ за брза лента на нашите аеродроми

Орце Костов