Македонската дијаспора бара од Советот на Европа да се справи со Златна Зора

Од:

Обединетата македонска дијаспора го поздрави извештајот за човекови права на Советот на Европа во кој се критикува слабата реакција на Грција по подемот на нео-нацистичката партија Златна Зора, која освои 18 пратенички места на последните избори. Во извештајот на комесарот Нилс Муижниекс, Советот на Европа се бара грчките власти да дадат пример така што ќе ги осудат сите чинови на насилство и ширење говор на омраза што доаѓаат од Златна Зора.

– ОМД целосно го поддржува повикот на комесарот Муижниекс за грчката Влада да почне иницијатива за борба против расизмот и екстремизмот во сите делови на општеството, как ои неговата изјава дека мора да се обрне внимание на опасноста од нетолеранцијата и расизмот и да се засили образованието за човекови права во училиштата.

– ОМД потсетува дека македонското малцинство во Грција се соочувало со репресија, вклучително мачење, и пострашно, од претходниците на Златна Зора кои беа на власт во Грција во времето на дикататурите пред и по Втората светска војна. Со вртењето на вниманието на светот кон активностите кои Златна Зора ги врши или поддржува, ОМД бара од Советот на Европа ефикасно и брзо да ги сузбие ваквите организации и политички партии, пишува во соопштението на ОМД.

Во извештајот на комесарот Муижниекс се бара Грција да го усвои предлог законот од 2011 година за борба против расизмот и ксенофобијата преку кривичното законодавство, како и да обезбеди средства за 70-те новоформирани полициски единици за борба против расизмот.

Според комесарот за човекови права во Советот за Европа, Грција мора да го реформира и системот за азил и начинот на кој обезбедува сместување на азилантитие, како и да се спречи полициското малтретирање и малење на имигрантите и Ромите.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски