Македонската амбасадорката во Србија ќе биде повикана во српското МНР

Од:

Вера Јовановска Типко, Амбасадорката на Македонија во Србија, како што јави српската новинска агенција Танјуг, ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи на Србија.

Амбасадорката била повикана да даде објаснување за прислушувањето на српските дипломати и новинари, како и претставниците на Србите во Македонија.

Од неа, како што јавува Танјуг, исто така ќе биде побарано објаснување за македонските државни органи за тоа како транскриптите од прислушуваните разговори стигнале во јавноста.

Српската мрежа за истражување, криминал и корупција, КРИК, објави транскрипти според коишто српскиот новинар Мирослав Лазански и македонскиот пратеник Иван Стоиљковиќ заедно со припадникот на српската тајна служба Горан Живаљевиќ спроведувале медиумска пропаганда во Македонија во корист на поранешниот премиер Никола Груевски и на руската политика.

По објавените разговори пратеникот Иван Стоилковиќ реагираше и најави тужби поради тоа што бил прислушуван како пратеник. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во одговорни држави не се случува медиуми да објавуваат следени комуникации и дека е срамно што некој се гордее со објавување на прислушувани разговори на новинарот Мирослав Лазански.

Би можело да ве интересира

Објавени се имињата на жртвите во сообраќајката во Србија, преживеаниот е во кома

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Москва бара Ратко Младиќ да биде ослободен, или пак казната да ја отслужи во Србија

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Јоцо Амстердам ослободена после одлежени 15 години затвор

Горан Наумовски