Македонска пошта подготвува тендер за заштита на своите објекти

Од:

Од експозитурата на Македонска пошта на Бит Пазар при вчерашниот грабеж се одземени 46.000 денари, кои се осигурени, а не како што беше објавено 80.000 денари, соопшти денеска Македонска пошта.

Со цел да се намали бројот на кражби, Македонска пошта подготвува  тендер за заштита на поштенските објекти.

– Станува збор за интегриран тростепен систем на заштита, со кој ќе бидат покриени сите единици на поштенска мрежа на Македонска пошта, и со кој се надеваме дека бројот на кражби кој во последно време и така е сведен на минимум во иднина нема да претставуваат закана за работењето. Во изминатиот период  се работеше на   дополнување и на интерните акти  на Друштвото со цел намалување  на ризикот од кражби, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Пошта“: Се работи на забрзување на царинските процедури и обработката на пратките

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски