Македонска пошта домаќин на состанок за квалитет на поштенски услуги

Од:

Македонска пошта денеска и утре е домаќин на Состанок за квалитет на поштенските услуги, што го организира асоцијацијата на европските јавни поштенски оператори „Пост јуроп“.

На состанокот 40-ина претставници од европските поштенски управи и експерти од Светскиот поштенски сојуз ќе разменат мислење и ќе споделат искуства како да обезбедат подобра и поквалитетна услуга за корисниците.

– Подобрувањето на квалитетот на услугите е клучниот фактор за зајакнување на довербата помеѓу корисниците и операторот, рече Мајра Лоди, оперативен менаџер на Post Europ.

Македонска пошта, како што истакна генералниот директор Фаадис Реџепи, со партнерите од „Пост јуроп“ го следи принципот за повисок квалитет на услугата во интерес на корисниците.

– Големото семејство на „Пост јуроп“, Светскиот поштенски сојуз и соработката помеѓу различните поштенски управи им овозможува и на помалите управи да не се чувствуват мали. Тоа задоволство ни припаѓа и нам во Македонска пошта. Македонска пошта е прва поштенска управа во Европа и трета во светот која го надгради IPS системот и го префрли во клауд решение на Светски поштенски сојуз“ наведе Реџепи.

IPS системот е ИТ алатка преку која корисниците на поштенските услуги на Македонска пошта во меѓународниот поштенски сообраќај можат да го следат движењето на пратката.

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов