ВИДЕО: Македонска државјанка загина, а уште три лица се повредени во сообраќајка во Грција

Од:

Македонска државјанка загина, а уште три се потврдени, од кои една е хоспитализирана во солунска болница во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.

Во сообраќајната несреќа учествувало возило од Македонија, а заганинатата е македонска државјанка.

Според грчки извори, возилото се движело по автопатот Егнатиа накај Солун, а тргнало од Битола.

За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.

Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево