Македонска делегација на Самитот на НАТО во Кардиф

Од:

Министрите за одбрана и за надворешни работи на Република Македонија, Зоран Јолевски и Никола Попоски денеска и утре ќе учествуваат на Самитот на НАТО алијансата што се одржува во Кардиф.

За време на Самитот, Јолевски ќе има обраќање на состанокот на министри за одбрана посветен на Платформата за интероперативност, а се предвидени и повеќе билатерални средби со негови колеги од земјите членки на Алијансата.

Министерот Попоски во рамки на Самитот, ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на Алијансата во Авганистан (ИСАФ формат) на ниво на шефови на делегации од сите земји членки на НАТО и земјите партнери.

На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство – Република Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на Алијансата.

Министерот Попоски во Кардиф ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, по констатацијата од Меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

Во македонската делегација во Кардиф се и началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески и амбасадорот на Република Македонија во НАТО Мартин Треневски.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина