Македонска делегација на примопредавањето на командата на СЕЕБРИГ

Од:

Македонска делегација предводена од заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во базата „Шина“ во близина на Лариса, Грција, ќе присуствува на свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) и на примопредавање на Претседателството со South East Defence Ministerial (SEDM) иницијатива за соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста е најавено присуство на делегации од државите членки на SEEBRIG – Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Турција и од Босна и Херцеговина како земја набљудувач.

South East Defence Ministerial е процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, иницирана во март 1996 година. Во рамките на СЕДМ иницијативата од 1999 година функционира Бригадата на ЈИЕ – SEEBRIG (South East European Brigade.

Би можело да ве интересира

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски